Охриѓани и бројни гости од целиот свет ја дочекаа новата 2025 година, организиран дочек и на Градскиот плоштад
јануари 1, 2025

Охрид, 1. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со најубави желби за многу здравје, среќа и успешна година, синоќа на Градскиот плоштад бројни посетители, охриѓани и гости од целиот свет ја дочекаа новата 2025 година.

Новогодишната забава за свечениот дочек на новата 2025 година синоќа на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ започна со Dj Gec, по што следуваше настапот на охридската група Take 5 и миленикот на младата публика Пајак. За веселата атмосфера се погрижија македонската фолк ѕвезда Наум Петрески и Каролина Гочева. Новогoдишната забава продолжи и по полноќ со Dj Face.

Објавена забавната програма за празниците во Охрид, за дочекот гостите ќе уживаат со Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и Take 5

Денеска, на 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Охрид и годината е прекрасно украсен и ги пречека сите гости од целиот свет. Покрај на Градскиот плоштад, посебна забавна програма за празничните денови подготвуваат и угостителите, што уште повеќе ќе придонесе за да биде исполнет градот за време и на сите останати празници пред и после Нова година. Секоја година се бележи солидна исполнетост и за празникот Божик, Стара Нова година, како и за големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото:Miki Piruze/ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука