Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денес сите граѓани имаат можност своите сметки кон охридските јавни претпријатија да ги плаќаат од едно место, преку платформата Е-Даноци (edanoci.ohrid.gov.mk).
– Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните претпријатија е наша цел кон која работиме и се стремиме. До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, информираше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33