октомври 8, 2021

Охрид, 8. октомври (ОХРИДПРЕС) – 12-ти ден од кампањата за локалните избори што ќе се одржат на 17-ти октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на терен меѓу граѓаните, на дебати, но и на социјалните мрежи ја презентираат програмата во трка за глас повеќе.

Државната изборна комисија (ДИК) пак го започна едукативниот караван за претстојните избори. Меѓу првите кои беа запознаени со гласачките права и како треба да се постапува на гласачкото место беа и охриѓани.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и обувки

 

Нема опис за фотографијата.

– Караванот се реализира во согласност со протоколите за заштита од COVID-19. На плоштадите во општините кои ќе бидат посетени, ќе бидат делени едукативни флаери на случајните минувачи за едукација за нивните гласачки права со точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место. Караванот продолжува и во текот на наредните денови, велат од ДИК.

Паралелно течат и обуките на избирачките одбор, во кои употребувајќи разни техники обучувачите ги објаснуваат активностите за спроведувањето на гласањето.

Кампањата за првиот круг завршува идниот петок, 15-ти октомври, на полноќ.
Охриѓани ќе можат да го дадат својот глас за еден од тројцата кандидати за градоначалник и за некоја од 11-те советнички листи, од кои 3 се независни, 5 се поднесени од политички партии и уште 3 од коалиции.

Во единствениот избирачки список во Охрид запишани се вкупно 52.477 гласачи, а ќе се гласа на 88 избирачки места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука