Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржаа 29-те Охридски староградски средби.
Уште еднаш Охрид се наврати на богатата градска ризница на традициите од минатите векови, уште еднаш одекнаа песните на старите градски тајфи кои се пееле некогаш, но не изгубиле од својата вредност.
Публиката уживаше и потпевнуваше заедно со староградските ансамбли од земјава: октет од Прилеп, „ВИС Орнаменти“ од Штип, пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола, „Весела тајфа“ од Богданци, „Распеани Гевгеличани“ од Гевгелија.
Од Охрид настапија градскиот хор „Вокс Лихнидос“, КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и оркестарот на фолклорниот ансамбл „Бисери“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес