Охриѓани со повеќе акции и иницијативи за помош на 16-годишната Ана Радеска
јануари 15, 2025

Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за да и помогнат на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Цhiari Мalformation и потребно е да и’ се изврши итна операција на мозокот.

Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра. Семејството не е во можност да ги обезбеди овие средства, па апелираат до сите хумани луѓе, кои се во можност да им помогнат.

Црвен крст Охрид се вклучи во хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за Ана и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности.

May be an image of 1 person and text

Начини на кои можете да помогнете:

Телефони за донации: А1 143 115, Телеком 143 479.

Трансакциска сметка:

Стопанска банка, Александра Радеска 200001580828877

IBAN: 100001580828877

SWIFT: STOBMK 2X

Можете да донирате и преку платформата ecrowd.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука