февруари 13, 2015

Охрид, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани викендов ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите и прогласија автономна зона.

– Сите што сакаат да донираат парична поддршка за Автономната Зона на УКИМ (потребна за купување храна, вода итн.) да дојдат во недела во 13:00 часот во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и да донираат своеволна сума од над 100 денари, информираат организаторите.

По две проспиени ноќи во просториите во кои се наоѓаат Филолошкиот и Филозофскиот факултет, студентите продолжуваат со своите активности. Во автономната зона што ја прогласија велат дека секој момент им е исполнет со проекции на филмови, театарски претстави или дебати.

Вчера, пак, Министерството за образование соопшти дека продолжувал дијалогот меѓу Владата и претставниците на академската заедница, а од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ информираа и дека формирале работна група која треба да учествува во дебатата за подобрување на пакетот реформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука