Охрид, 29. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Елени Коровеш е дипломиран економист од Охрид и преку Љубљана се вивна во деловниот свет во Катар.
Успешна, вредна и остроумна, денеска живее и работи во Доха, главниот град на Катар. Таа е меѓу малобројните жени што го креираат влијанието во катарскиот финансиски сектор. Медиумите таму ја сместуваат меѓу ретките жени-пионери што успеале со своето знаење да се искачат на лидерските позиции во финансискиот сектор, кој во оваа земја е познат по доминантниот машки свет. Елени е финансиски аналитичар во групацијата Al Jassimya Investment и член на управниот комитет на организацијата „Жени во инвестициското управување“, објави порталот fakulteti.mk.
Оваа 30-годишна жена е упорна и се пробива во машкиот свет рушејќи ги бариерите и сфаќањата во професијата каде што мнозинството се мажи. Во Катар е веќе 5 години и вели дека за нејзината работа најважна е упорноста.
– Се обидувам да внесам позитивна енергија во размислувањето и секојдневните одлуки. Моето искуство сведочи дека навистина животот ни е таков какви што ни се мислите и дека ние самите сме креатори на сопствената среќа и судбина – вели Елени.
Комплетното интервју со Елени ОВДЕ. (Крај)
извор: fakulteti.mk фото: fakulteti.mk