Охриѓанката Енис Хилми, добитничка на наградата „Новите!“ за Слободен печат: Главните ликови во збирката се луѓето
јануари 11, 2025

Скопје/Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“ авторката Енис Хилми ја доби наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“ за 2024 година, што ја доделува „Темплум“.

Авторката Енис Хилми е родена во Охрид, каде учела основно и средно училиште. Студирала во Истанбул, Турција. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја земала чантата и дала отказ. Оттогаш живее на релација Охрид-Берлин, виа Скопје.

Во интервју за Слободен печат вели дека на конкурсот „Новите!“ налетала сосема случајно, само недела дена пред да истече рокот за испраќање на прозните ракописи.

–  Овој мој фолдер со раскази беше одамна готов. Не беше заборавен, туку си дремеше на мојот десктоп. Ги читам јас така условите на конкурсот и си велам, па имам токму нешто такво да испратам. И едноставно го притиснав копчето „сент“. По неколку седмици, навистина ме изненади исходот. И ептен ме израдува. И уште и печатена книга, згора на наградата. Но, најмногу од сè ме воодушеви рецензијата на комисијата составена од тројца супер книжевни компаратисти. Збирката е пишувана во времето на пандемијата. Класика од временски период за форматирање книга, нели? Тогаш, бев заробена во природниот охридски хабитат, во мојата нулта точка на живеење, што верувам дека во пандемиското време беше далеку подобра опција отколку големите градови. Зашто, на глетката да не сретнеш со месеци жив човек на улица во Охрид, ние сме веќе одамна навикнати. За среќа, во тоа време и не бев сосема сама, туку со мојот ретривер Тото, вели Енис.

Комплетното интервју за Слободен печат ОВДЕ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука