Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Листата на младите охридски таленти, кои нижат успеси во странство, се дополнува и со охриѓанката Невена Нешкоска, која неодамна ја пушти на музичкиот пазар нејзината нова песна.
Темата носи наслов „In Love“, а музичарката ја издаде под музичкиот псевдоним NEV. Музиката, аранжманот и текстот на песната се лично на Невена. Оркестрацијата на темата е на Михаи Ристеа.
Нешкоска живее и работи во Чикаго, а музичкиот стил кој го негува е поп-денс, со призвук на романскиот популарен house-dance ритам. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
https://soundcloud.com/nevenaofficial/nev-in-love/s-WPP72
Прочитано: 29