Охрид, 9.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На натпреварот по физика и математика што викендот го организира Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Струга победи охриѓанката Теона Никовска, ученичка во Основното училиште „Кочо Рацин“.
Второто место му припадна на Славчо Прентоски од Основното училиште „Јосип Броз Тито“ од Струга, а третото место го освои Маринела Фармакоска која исто така, е ученичка во „Јосип Броз Тито“.
Учениците кои ги освоија првите 25 места, добиваат право директно да се запишат во ова средно училиште без да полагаат приемен испит, а првите десет ќе добијат и стипендија за школување.
На натпреварот учествуваа ученици од општините во југозападниот регион.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
Прочитано: 28