март 23, 2017

Охрид, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишната М.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“.

Пријавената, на петти јануари оваа година, во Отсекот за управни работи при СВР Охрид, во управна постапка дала лажен писмен исказ дека пред околу една година, ја загубила својата возачка дозвола. Возачката дозвола претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола.

Врз основа на овој писмен исказ даден во управна постапка, СВР како државен орган, ја засновал одлуката на М.К. да ѝ се издаде нова возачка дозвола. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука