Гостивар/Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви ноември 2024 година, во 09:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 44-годишна жена од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во гардероберот и на тројца вработени им одзела пари.
– Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 7