Охрид, 7. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Малку од старост, малку од земјотресите, полека попушта зградата наспроти Маларичната во Охрид.
Не е ништо ново дека оваа зграда во која е сместено подрачното одделение на Министерството за земјоделство, а има седишта на политички партии и невладини организации, е во незавидна состојба години наназад. Во внатрешноста има огромни пукнатини, оштетени плафони и ѕидови, подовите крцкаат, се одронуваат тули и малтер. Ситуацијата е уште повеќе влошена по серијата земјотреси кои го зафатија Охрид и предизвикаа оштетувања на зградата, внатрешно и надворешно.
Состојбата е алармантна, како за граѓаните кои ги посетуваат канцелариите, така и за вработените, кои на работа доаѓаат со страв.
Последните земјотреси нека бидат уште еден аларм за итно преземање мерки, како не би се случила поголема катастрофа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес