Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци го оштетиле „Охридскот срце“ кое се наоѓа на Градскиот плоштад во Охрид.
Истото е место каде гостите и охриѓани често се фотографираат, со стариот дел од градот во позадина.
Фотографиите се објавени во Facebook групата „Пишувајте за Охрид“ од страна на корисникот Bona Bajraktarova.
Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Пишувајте за Охрид
Прочитано: 160