мај 4, 2018

Охрид, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на булевар „Туристичка“, на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов“ до пресекот со „Ариф Мустафа“.

Според информацијата од Ј.П „Охридски Комуналец“ стеблата на 15 дрва се оштетени со остар предмет.

drv3drv1Оттаму го осудуваат овој чин со кој е нанесена материјална штета и нагрдени се јавните зелени урбани површини и бара сторителите да бидат санкционирани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охридски комуналец

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука