Охрид, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци ноќеска оштетија дел од новогодишната опрема поставена на Градскиот плоштад, како дел од пошироката прослава на Нова година во Охрид.
Станува збор за една од тезгите на кои наскоро, според најавите, треба да се одржи Фестивалот на виното во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
Одговорните велат дека е известена компанијата која ги изработуваше тезгите и дека санацијата ќе биде извршена уште во текот на денешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 38