Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претпладнево, измегу 08 и 09 часот, откако вработените веќе дошле на работните места, засега непознати сторители ја искршиле двојазичната табла, поставена на влезот од зградата каде е сместен Фондот за здравствено осигурување во Охрид.
Таблата е поставена кон крајот на минатата година и досега на никого не му сметала, исто како што двојазични табли се поставени и во зградата на локалната самоуправа, каде се сместени испостави на републички институции.
Стефан Димоски, портпарол на СВР во Охрид, го потврди настанот, кој го пријавиле вработените од Фондот, и дека за случајот постапува надележен јавен обвинител. (Крај)
извор: ОхридНет фото: ОхридНет
Прочитано: 20