Скопје, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од македонското јавно обвинителство (ОЈО) потврдија дека во Охрид е запленет еден глисер во сопственост на „второосомничениот“ во случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кически.
Од институцијата, засега не ги потврдува информациите дека во градот се запленети и други предмети, како луксузни автомобили.
На Зоран Милески – Кически, заедно со неформалниот сопственик на 1Тв Бојан Јовановски, во вторникот им беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена за примање награда за противзаконско влијание. Според предистрагата, од април 2018-та до април 2019-та година, тие наводно побарале рекет од 8 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за преку јавна обвинителка да биде олеснета постапката што СЈО ја води против него под името „Империја“. (Крај)
извор: ОЈО/360 степени фото: архива