Виториа, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Аргентинскиот кошаркар Пабло Приџони стави крај на својата кариера и на 39-годишна возраст и кажа збогум на кошарката.
Одличниот бек минатиот месец потпиша договор со екипата на Басконија, но не успеа да се снајде во овој клуб, по што ја донесе одлуката за пензионирање.
Приџони поголемиот дел од својата кариера го помина во Шпанија, настапувајќи за Баскија и за Реал,а настапуваше и во НБА лигата, во дресот на Њујорк, Хјустон и на ЛА клиперс. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19