јануари 25, 2015

Охрид, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Читател на OhridPress, револтиран од тоа што го видел на локалитетот кај „Паднатите борци“, веднаш над Охрид, ни испрати неколку фотографии на кои јасно се гледа овој нов – колективен срам за Охрид.

Несовесните фрлаат се` што ќе стигнат, веднаш до патот кој води кон Велестово и само на неколку стотини метри од главниот пат Св. Наум – Охрид.

gubrepadnati2gubrepadnati3Најголемиот дел од ѓубрето е во близина на ранохристијанската базилика и некропола „Студенчишта“ и седиштето на Националниот парк „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Милчо Костевски

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука