февруари 25, 2017

Охрид, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчерашното тргување на Македонска берза го заврши денот со остварен промет од 18,8 милиони денари преку 76 трансакции.

Акцијата на Охридска банка вчера заврши со пад на вредноста. Падот на вредноста на акцијата на Охридска банка е 1,97 отсто.

Додека акциите на Прилепска пиварница остварија промет од 7,16 милиони денари. (Крај)

извор: МК берза фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука