Скопје/Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Речиси 90 отсто од граѓаните би го селектирале отпадот ако во близина на нивните домови има специјализирани контејнери за оваа намена, се вели во истражувањето на „Пакомак“.
Анкетата била спроведена во повеќе градови, меѓу кои и Охрид.
Биле опфатени 1.000 испитаници од различни старосни групи. Генерален е заклучокот, соопшти Пакомак, дека недоволниот број контејнери е главна причина за недоволното селектирање и рециклирање отпад.
– Истражувањето покажа дека граѓаните во поголемите градови имаат релативно висока свест и развиени навики за селетирање отпад. Вкупно 33,9 отсто од нив редовно или често селектираат барем еден вид отпад. Младите помалку обрнуваат внимание на селектирањето отпад, а родителите постари од 30 години селектираат најмногу, и тоа со своите деца кои во просек имаат 7-13 години, велат од „Пакомак“.
Според анкетата, само 17 отсто од испитаниците рекле дека во близина на својот дом имаат контејнери за селектиран отпад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива