јануари 8, 2017

Охрид, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Влакнестите кинески палми во Охрид, во очи на празникот и најавените ниски температури, добија божиќни заштитни костуми.

Работниците на „Охридски комуналец“ навреме ги заштитија палмите од ниските температури, кои овие ноќи се спуштаат и до минус 15 степени Целзиусови.

palmizastita2Од вкупно 200 влакнести палми, колку што Охрид доби од контингентот од 1.100 палми, што Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги увезе од Кина, заштитени се само еден дел.

Колку тоа ќе помогне останува да се види, бидејќи, палмите и лани беа облечени во зимско руво, ама добар дел од нив се исушија, а неколку несовесни поединци ги запалија.

palmizastita3Комуналците, за секој случај, и нив ги облекоа!?

Во Охрид палмите се засадени по должината на шеталиштето на градскиот кеј, пред Центарот за обука на вода на АРМ, како и по должината на шеталиштето од мостот Студенчишта, па сè до поранешниот хотел „Парк“ во месноста Горица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука