март 6, 2015

Лондон, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската асосцијација на Англија соопшти дека напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Папис Демба Сисе, е суспендиран на седум натпревари, бидејќи на натпреварот Њукасл-Манчестер Јунајтед го плукна дефанзивецот на противничкиот тим Џони Еванс.

Играчот на Јунајтед ,Еванс пак тврди дека тој не го плукнал Сисе а од ФА денес ќе го сослушаат фудбалерот и потоа ќе решат дали и тој ќе биде казнет.

https://www.youtube.com/watch?v=gIku3xPgf-U

Демба Сисе поради казната  ќе ги пропушти дуелите кои Њукасл ќе ги одигра против Евертон, Арсенал, Сандерленд, Ливерпул, Тотенхем и Лестер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука