Вашингтон, 1. ноември 2014 (ОХРИДПРЕС) – Паразити во мозокот предизвикуваат 20% од сите случаи на шизофренија, покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот професор по биологија и епидемиологија Хари Смит, објавено во списанието „Preventive Veterinary Medicine“.
Професорот ги истражувал случаите на шизофренија, поврзани со паразитот Toxoplasma gondii. Тој се пренесува преку недоварено месо или столицата на домашните миленици.
Според експерите, околу една третина од населението на планетата е заразено со оваа бактерија која живее и се размножува во мозокот и мускулите на човекот, често без видливи симптоми. Оваа болест, која се нарекува токсоплазмоза, во крајна линија доведува до патолошки промени на личноста и влијае на нејзиното однесување.
Во исто време е докажано дека некои антипсихозни лекови можат да го спречат размножувањето на паразитот. (Крај)
извор: Health фото: архива