Охрид, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тања Паскали Бунташеска, со решение на министерот за култура е разрешена од функцијата директор на Н.У Завод и музеј – Охрид.
Од вчера на нејзино место е поставена Елеонора Новакоска, која доаѓа од редот на вработените.
Новоозбраната директорка за Супер радио и OhridPress ја потврди информацијата.
– Назначена сум за в.д директор на „Завод и музеј“ од вчера. Инаку во оваа установа работам веќе 11 години, рече Новакоска.
По разрешувањето на Оливер Арсовски од челната позиција на фестивалот Охридско лето, ова е второ разрешување на директор во установа од областа на културата во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22