декември 22, 2019

Скопје/Охрид, 22. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пештерата Врело е нашето светилиште и ова е навистина значаен ден за македонското нуркање, вели за Супер радио Никола Паскали од Нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид по повод 10 годишнината од постоењето на Спелонуркачкиот клуб „Врело“.

– Луѓето на видеото се вистинските патриоти на оваа држава, само ние учесниците на овие екстремни експедиции знаеме колку тешко сме ги организирале. Животот ни зависи од квалитетот на опремата и тренинзите. Пештерата Врело стана една од најдлабоките подводни пештери во светот, а ние секако еден ден ќе застанеме рамо до рамо со светските истражувачи, вели Паскали за Супер радио.

Врело се две пештери (подводна и надводна) во близина на Скопје со досега откриена длабочина од 240 метри, што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот, втора најдлабока во Европа и една од најдлабоките во светот. Сепак, длабочината не е целосно откриена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива видео: „Врело“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука