Торино, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Италија и Англија пренесуваат дека францускиот интернационалец Патрис Евра ќе го напушти Јувентус и уште во овој зимски преоден рок ќе се врати во Манчестер јунајтед.
Ситуацијата ја подгреа и Рио Фердинанд, кој истакна дека со ваков потег, Евра всушност би се вратил дома.
Патрис Евра и Рио Фердинанд долг период заедно играа на „Олд трафорд“, се додека не заминаа едниот во Јувентус, а другиот во КПР, пред и официјално да стави крај на кариерата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 12