Лондон, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Италија и Англија пренесуваат дека францускиот интернационалец Патрис Евра ќе го напушти Јувентус и уште во овој зимски преоден рок ќе се врати во Премиерлигата.
Иако се шпекулираше дека негов нов клуб ќе биде Манчестер Јунајтед нема ништо од тоа.
Медиумите на Островот откриваат дека тој се договорил со менаџерот на Кристал Палас, Сем Алардајс, да стави потпис за овој клуб и да игра за нив до завршувањето на следната сезона, во наредните 18 месеци. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13