Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) –
Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“.
Музиката е на Пајак, текстот на Елвир, кој после подолго време и’ се врати на музиката, а за аранжманот се погрижи Иван Јованов Iwayo.
Охриѓанецот со новиот сингл продолжува со музичките изненадувања и го освојува музичкиот пазар на Балканот, но и многу пошироко. На 30-ти ноември, заедно со Лара настапува во Пјаченца, Италија, а неодамна, заедно со Desingerica и Zera, тој го сними синглот „Ccrno“, за кој музиката е дело на Desingerica и Пајак, а текстот и аранжманот се на Desingerica, Пајак и Napoleon.
Минатата година со познатата српска пејачка Теодора Џахверовиќ ја сними „Летња авантура“, а претходно на пазарот во Србија се претстави и со хитот „Мала моја“ со Mc Stojan. Кај нас имаше фантастичен успех со „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска, а заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 33 милиони прегледи на одличната песна „Bella“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива