јуни 30, 2017

Охрид, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските пензионери утре ќе го одбележат Денот на Пензионерите, а водено 67 годишнината од постоењето на Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца.

На свеченоста ќе присуствуваат бројни гости од пензионерските здруженија од други македонски градови, како и од Врање, Србија.

Покрај богатата музичка и културна програма, ќе бидат доделени плакети и признанија, а ќе биде потпишана и спогодба за соработка со ЗП Врање од Србија.

Најавена е и промоција на документарниот филм на Ристана Мурџоска Мојсоска, во кој ќе бидат прикажани сите досегашни заложби и достигнувања на здружението.

Свеченоста ќе се одржи утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 10:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука