Мадрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми во пресрет на гостувањето во Минхен кај Баерн, во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ.
Против германскиот шампион Реал ќе биде без португалскиот дефанзивец Пепе.Тој во сабота имаше незгоден судар со соиграчот Тони Крос по што мораше да ја напушти играта со фрактура на седмото и осмото ребро, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Пепе, во Реал Мадрид е веќе една деценија, а португалецот најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот и ќе замине во Кина. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19