Софија, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во новиот број на бугарското електронско списание „Светлина“ (Сияние), се објавени песни од повеќе македонски поети, меѓу кои поети од Охрид и Струга.
Објавени се песни на струшкиот поет Петко Шипинкаровски и на охридскиот поет Тоде Илиевски.
Списанието го уредува Марија Герасова-Спасова, независен новинар од Пловдив, а претставувањето и изборот од поетското творештво го направи бугарската поетеса Латинка Златна алијас Алтенка Сапунџиева од Ловеч, Бугарија. Латинка Златна е составувач и преведувач и на петојазичната антологија „Гласови на Балканот“, објавена во 2016 година. Во антологијата, пак, беа објавени песни на охридските поети Тоде Илиевски и Зоран Јакимоски, како и струшкиот поет Петко Шипинкаровски. Застапени беа стихови и на други македонски поети Борче Панов, Васил Тоциновски, Љубинка Донева, Марина Мијаковска, Марта Марковска, Ристо Јачев, Славчо Ковилоски, Стела Босилковска и Христо Петрески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива