Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Петар Рупески повторно го фати Светиот крст во осветените води во Охрид
.
Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Над 500 лица одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.
Среќниот фаќач на крстот посака здравје и бериќет за себе, неговите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија.
Повеќе од два века во Република Македонија се практикува осветување на водите и скокање по Чесниот крст, покажуваат записите на собирачите на народни умотворби во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Љупчо Арнаудов
Прочитано: 24