Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Петгодишно девојче од Австралија паднало од третиот спрат на семејната куќа во Охрид, вчера околу 19:00 часот, соопшти полицијата.
Тоа е пренесено во болницата „Св. Еразмо“, каде се констатирани тешки телесни повреди, односно е во животна опасност.
Од страна на екипи од СВР Охрид излезено е на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.(Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 32