Скопје/Охрид, 9. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните бараат спас за Преспанското Езеро преку онлајн-петиција, која веќе има над 1.200 потписници.
Повод за петицијата насловена како „Да го спасиме Преспанското Езеро од пресушување“ претставува катастрофалната состојба во која се наоѓа езерото, поради намалувањето на нивото на водата, како што наведува Мартина Петковска, која ја покрена петицијата.
– Да ја потпишеме оваа петиција за да ги потсетиме оние што одлучуваат во Министерството за животна средина и просторно планирање да не го заборават Преспанското Езеро и да направиме напор да го спасиме од исчезнување, се наведува во петицијата.
Граѓаните кои сакаат да ја поддржат петицијата, можат тоа да го сторат преку следниот линк.
Чистата вода со која се „храни“ Охридското Езеро, главно доаѓа од карстните терени на околните планини. Најголем дел од водата доаѓа од повисокото – Преспанско Езеро и преку подземни пукнатини низ планината Галичица, избива на повеќе места во вид на силни извори – врутоци покрај источниот брег. (Крај)
извор: Нова Македонија/ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива