април 4, 2017

Скопје, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), во Македонија е носител на активностите кои се спроведуваат во рамки на регионалниот проект Smart Start ко-финансиран од Европската Унија (кој се реализира во пет земји како што се Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција).

Во рамки на Smart Start во нашата земја петнаесет невладини организации се подготвуваат да започнат со својата работа како социјални претпријатија. Проектот помина низ неколку фази, а следната фаза опфаќа поврзување на социјалните претпријатија со добро етаблираниот корпоративен сектор.

ЦИКП е во потрага по домашни „добри“ компании со волја за поддршка и развој на социјалното претприемништво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука