март 7, 2015

Прага, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Победничката на Вимблдон, Петра Квитова го откажа своето учество на мастерс турнирот во Индијан Велс, кој започнува следната недела.Чешката тенисерка соопшти дека е премногу уморна и сака одреден период да се одмори.

Од почетокот на сезоната 24-годишната тенисерка претрпе четири порази за последниот беше во 1/4-финалето на турнирот во Доха.

Петра Квитова во кариерата има освоено 15 титули , од кои две на Вимблдон и заработила над 17 милиони долари.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука