Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Oд 17-ти до 19-ти јануари 2017 во Охрид ќе се одржи петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми.
Конференцијата е во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеџан).
– Темата на овогодишната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На конферецијата ќе учествуваат 57 учесници од 11 земји со свои излагања од истружувањата и сознанијата во областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјатана уметност, филогијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, псхилогијата, како и интердициплинарните помошни науки, информираат организаторите.
Во вторник, на 17-ти јануари, во 12:00 часот во Спомен Домот на Христо Узунов во рамките на конфернцијата ќе се отвори и изложба на фотографии и уметнички дела под наслов „Турското уметничко наследство“ подготвено од Центарот за истражување на туркските ракотворби, при Селџук универзитетот од Конија, Република Турција.
Конференцијата е поддржана од Македонската Академија на Науките и Уметностите, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, и од Општина Охрид.
Конференцијата ќе биде отворена во вторник, на 17-ти јануари со почеток во 13:00 часот во „Куќата на Уранија“, во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива