Охрид, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во среда на 19-и јули, кога православната црква го слави споменот на Св. Сисој Велики, МПЦ-ОА го слави јубилејот 50 години од интронизацијата на првиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА.
– По повод јубилејот, во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 08:45 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива
Прочитано: 23