јули 5, 2017

Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пет земјотреси со умерен до посилен интензитет се почувствуваа во текот на ноќта во Охридскиот регион. Најсилниот, од 4,1 степен според Рихтер беше регистриран 5 минути по полноќ. Последниот, регистриран утринава во 6 часот и 29 минути беше со интензитет од 3,8 степени.

Фактички, земјата во Охридско се тресеше цела ноќ. Другите три земјотреса помеѓу најсилните беа во 1.16, 1.37 и 3.02 часот, во распон од 2.9 до 3.2 степени.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Михаил Гаревски вели дека во моментов Охридското епицентрално подрачје е  најактивно во Европа.

– Ваков вид земјотреси се нарекуваат роеви оти ги има многу, а охридското подрачје во моментов доминира во Европа со најсилна активност. Роеви земјотреси се јавуваат вообичаено како афтершокови на некој поголем земјотрес. По минатогодишниот силен земјотрес во Италија, регистрирани се уште 4-5.000 земјотреси. Ние во Италија имаме седум инструменти за мерење на активноста кои покажуваат дека се смирува тлото. Охрид сега е далеку поактивен од Италија, вели директорот Гаревски. (Крај)

извор: СДК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука