Бамако, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку петмина луѓе, меѓу кои Французин и Белгиец, се убиени во напад во ресторан во Бамако, главниот град на Мали.
– Ова е терористички напад, иако очекуваме разјаснување по прашањето. Според првичните податоци убиени се еден Французин, еден Белгиец и двајца државјани на Мали, како и еден полицаец, изјави претставник на полицијата во градот.
Извор од болницата “Габриел Туре” во Бамако изјави дека третиот Европеец, чија националност не е утврдена, починал по пристигнувањето во болницата, а осум лица се повредени.
Двајца осомничени се уапсени досега. (Крај)
извор: novinite фото: АФП
Прочитано: 25