Охрид, 27. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е лулка на ВМРО и стожерот на Македонија. Без нималку двоумење сакам да ја навестам големата изборна победа и новото советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ во Охрид уште во првиот круг, порача вечерва кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Охрид, со кој и официјално ја започнаа кампањата.
– Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. Гарантираме проекти за промени – проекти за победи. Гарантирам способност, знаење, човечки капацитет, сигурност во себе, во својата чесна намера, во љубовта кон Охрид и Македонија. Позитивната енергија, силната мотивираност, атмосферата се тука, да сработиме максимално и посветено, победата на 17-ти октомври е тука, наша е, уште во првиот круг. За победа уште во првиот круг и идното мнозинство во Советот на Општина Охрид. За Градоначалник и ново советничко мнозинство необременето со хипотеки и непринципиелни пазари. Заедно да бидеме во оваа пресудна и историска трка за Охрид и Македонија. Време е за промени. Време е за проекти. Време е за победи. Промени кои создаваат големи проекти, проекти кои создаваат сигурни победи, победи кои носат нова и светла иднина. Да живее победнички Охрид. Да живее ВМРО-ДПМНЕ. Да ни е вечна Македонија, порача Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива