Охрид, 29. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Промените започнаа, ги донесовте вие. Знам дека ви е доста од лошото владеење со градот и изневерени очекувања и неисполнети ветувања. Доста е со црните кампањи, уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата, со купување гласови, со потценување на народот, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.
– Тие ви ветуваа многу, но ништо не сработија, сега повторно се обидуваат да ве измамат. Не дозволувајте да ни украдат уште четири години од нашата иднина! Да се обединиме за заедничката цел. 31-ви октомври е денот кога одлучуваме за иднината. Новата иднина има да донесе просперитет, ред и напредок на Охрид. На 31-ви октомври излезноста е клучот. Затоа го повикувам тивкото мнозинство повторно да одбере и неговиот избор громогласно да одекне. Да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ние ја посакуваме. Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани! Сум бил и има да останам човек кој ги брани вашите интереси! Јас и не знам поинаку! Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
На 31-ви октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, истакна Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива