Охрид, 18. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Мои драги охриѓани, во Охрид победи разумот, победи народот, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков, кој со огромна предност од близу 2.000 гласови влегува во вториот изборен круг.
– Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2.000 гласа разлика во првиот круг. Цел живот создаваш, за да добиеш поддршка. Изминаа 4 години, чесни со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме. Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина.
Почитувани охриѓани, Избравте вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да се почитува и понатаму. И на тие што гласаа и на оние што не гласаа. Охриѓани јасно докажаа дека се против криминал, корупција и апатија и сакаат промени и нова светла иднина. Благодарам мои охриѓани, И никогаш нема да ве изневерам. Да бидеме силата на промените. Да се обединиме. Да покажаме заедништво и слога. Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, за Охрид на охриѓани. Заедно, сплотени, единствени во победата продолжуваме, порача Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива