Охрид, 22. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на ревитализацијата e опфатено и воспоставување поврзаност меѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали. Просторот околу нив има да биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли со презентирани информации поврзани со блатото, објави на неговиот официјален профил на Facebook кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков.
– На одредени точки поставување и видиковци од каде што посетителите добиваат подобра слика за целиот простор. Целта на овој проект е заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштита на ендемичната охридска пастрмка, зголемување на протокот на вода, зачувување на растителниот и животинскиот свет, мрестот на крапот и гнездењето на птиците. На тој начин се обезбедува зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на општина Охрид во биосферен резерват. Заокружи 7, порача Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива