Охрид, 1. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Посакувам Новата 2023 година да биде појдовна точка за остварување на сите соништа.
– Нека донесе силна енергија за нови почетоци и неисцрпна енергија за остварување на нови цели. Ви посакувам, здравје мир и многу љубов, истакна во Новогодишната честитка градоначалникот не Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Синоќа заедно со своите сограѓани и гостите, Пецаков на Градскиот плоштад ја испрати старата и ја дочека Новата 2023 година.
– Да бидеме здрави, живи, побројни и повесели во Новата година. Нека биде среќна Новата 2023 година. Нека е поубав и посреќен нашиот Охрид, порача градоначалникот Пецаков.
извор: ОхридПрес фото/видео: Општина Охрид
Прочитано: 27