Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По општинската, од денес е одблокирана и сметката на ЈП „Нискоградба“, изјави градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков за време на увидот на градежни активности на инфраструктурен капитален проект во Горно Лакочереј.
– Претпријатието веќе нема долгови и ќе функционира отворено и ќе може да врши инвестиции. Тој процес во 2011 започна кога се формира за прв пат, две год го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 го презедовме со 1.200.000 евра долг. Овој принцип на работа нема да застане тука. Во иднина ќе продолжиме со работа и со останатите јавни претпријатија и носење на позитива финансиска состојба што ќе дозволи понатрамошно инвестирање, рече Пецаков.
Додаде дека покрај одблокирањето на сметката, претпријатието ќе биде префрлено во нови простории, а постоечките на улицата „Железничка“ ќе бидат претворени во Центар за механизацијата на Јавните претпријатија „Охридски комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“.
Пецаков потенцира дека во текот на изминатите две години има инвестиции од 15 милиони денари за механизација за ЈП „Нискоградба“. Истакна дека се работи на унапредување на секое општинско јавно претпријатие што ќе придонесе за позитивни моменти за општината и граѓаните што ги користат нивните услуги. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива