ноември 21, 2021

Охрид, 21. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – За Нова година во Охрид се најавени голем број туристи од земјата и странство и не смееме да дозволиме градот да не биде украсен, порача денеска градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

– Тендерот е минимален. Градот ќе биде украсен и ќе изгледа добро за празниците. Предвиден е и скромен настан на Градскиот плоштад со охридски изведувачи, кои ќе ги забавуваат туристите, порача Пецаков.

Охрид веќе неколку години наназад го спроведува овој концепт за прослава на новогодишните празници. За тоа потпомогна и Covid-19 кризата, која комплетно го смена начинот на кој се одбележуваат овие празници во најголемиот туристички центар во Република Македонија. Последен организиран концепт кој беше одлично прифатен од охриѓани и гостите беше проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ кој беше за прв пат имплементиран во 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука