Скопје/Охрид, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Д-р. Кирил Пецаков, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа се на листата на кандидати за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за 5-та изборна единица.
Ова е една од одлуките на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.
– Можам да соопштам дека ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број на нови имиња, свежи кадри, и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Можам да соопштам дека идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите. Над 95 проценти се луѓе кои што за прв пат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина. Сакам да им се заблагодарам на досегашните пратеници и воедно ќе посочам дека влеговме во битка каде секој човек е важен. Што се однесува до носителите на листи, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со две надпартиски решенија. Во првата изборна единица ќе настапиме со професорката, Гордана Силјановска Давкова, а во 5-тата изборна единица со врвниот уметник, Игор Дурловски. Во втората изборна единица носител ќе биде потпретседателот Владо Мисајловски, а во третата изборна единица генералниот секретар Игор Јанушев. Во 4-тата изборна единица носител ќе биде Александар Николоски, и во 6-тата докторката Дафина Стојановска, истакна првиот човек на партијата Христијан Мицкоски.
Изборната единица број 5, комплетна листа на кандидати за пратеници:
1. Игор Дурловски од Битола,
2. Антонио Милошоски од Кичево,
3. Д-р. Силвана Ангелевска од Битола,
4. Д-р. Кирил Пецаков од Охрид,
5. Јован Јаулески од Струга,
6. Д-р. Олга Лозановска од Битола,
7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,
8. Лидија Петкоска од Охрид,
9. Мирче Аџиовски од Струга,
10. Грација Бакраческа од Охрид,
11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,
12. Бобан Бојковски од Битола,
13. Билјана Проеска од Крушево,
14. Тасин Ибраим,
15. Никола Најденовски од Демир Хисар,
16. Олгица Божиновска од Кичево,
17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,
18. Алмедин Шаиновски од Дебар,
19. Жанета Савевска од Ресен и
20. Сандра Пејковска од Демир Хисар (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива